Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новата А-интегрирана дозвола за УСЈЕ ќе биде по новиот, построг, закон, најави министерот Хоџа

/

пред 89 дена

Сподели преку :

Издавањето на новата А-интегрирана дозвола за цементарницата УСЈЕ ќе биде според строгите критериуми од Законот за индустриски емисии, кој ќе почне да се применува во септември 2027 година. Постапката ќе биде целосно транспарентна, уверува министерот за животна средина Мухамед Хоџа.

„Новата дозвола за УСЈЕ ќе биде со параметри од новиот закон кој влегува во сила септември 2027 година. Исто така, ветувам дека процедурата ќе биде целосно јавно достапна“, уверува Мухамед Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање.

Од граѓанската иницијатива „Стоп за УСЈЕ“ со месеци протестираат, барајќи новата дозвола да се издаде според построгите стандарди од новиот закон, со цел подобра заштита на здравјето на граѓаните.

Експертите, пак, велат дека Министерството најпрво треба да ја објави нацрт-дозволата, а потоа да организира јавна расправа. Само така јавноста ќе може да ги види конкретните услови и параметри предвидени со новата дозвола.

„Самата процедура за изработка и издавање на А и Б интегрирани дозволи се базираат врз најдобро достапните техники. Тоа е основата на дозволата. Тие се главни носители на дозволата. Дозволата како дозвола секако ќе биде обновена. Прашањето е дали ќе биде според старите правила од 2007 година или, пак, со новите правила од 2013 година“, вели Љупчо Стојановски, експерт за животна средина.

Законот за индустриски емисии беше донесен во 2025 година како дел од усогласувањето на македонското законодавство со европските правила за контрола на загадувањето. Неговата примена започнува во септември 2027 година.

Тамара Марковска