Македонија и натаму ја има американска поддршка и нема да се соочи сама со предизвиците, рече новата американска амбасадорка Aнџела Прајс Агелер која му ги предаде акредитивите на претседателот Стево Пендаровски.
- Иднината е навистина светла, и покрај тоа што земјата се соочува со стари и со нови предизвици. Денес сум овде да ветам дека нема сами да се соочите со тие предизвици. Соединетите држави, амбасадата на САД и јас ќе сториме сè што е во наша моќ да им помогнеме на луѓето во Македонија да успеат да ги прифатат и да ги надминат сите тие предизвици. Ви го давам мојот личен завет дека ќе стоиме рамо до рамо со луѓето на оваа земја, рече Агелер.
Посочи дека билатералните односи се градата и унапредуваат и како сојузници во НАТО Алијансата, споделувајќи ги заедничките вредности на демократијата, слободата и човековите права, како и заложбите за меѓународен поредок базиран врз правила.
- Во контекст на последните геополитички предизвици и руската воена агресија врз Украина, дозволете да констатирам дека нашето цврсто пријателство добива уште повеќе на значење и истото претставува гаранција за стабилноста и просперитетот на мојата држава и регионот на Западниот Балкан, во целина, рече шефот на државата.











