Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Новата државна видео лотарија му дала тендер од 3,7 милиони евра на сопствениот газда - ХТЛ Македонија, во сопственост на австриски Новоматик

Новата државна видео лотарија му дала тендер од 3,7 милиони евра на странскиот газда

/

пред 1021 дена

Сподели преку :

Новата Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ за скоро 228 милиони денари, односно за 3,7 милиони евра ќе набавува коцкарски апарати, односно ВЛТ-терминали. Тендерот го доби фирмата ХТЛ Македонија, во сопственост на австриската Новоматик.

Тие треба да испорачаат 462 апарати по цена од над 8 илјади евра за апарат од австрискиот производител Новоматик АГ.

Фирмата НОВО ВЛТ беше формирана во април годинава. Сопственици се Државната лотарија на Македонија и фирмата ХТЛ Македонија. Тоа значи дека НОВО ВЛТ му го дала тендерот од 3,7 милиони евра на својот косопственик – странскиот ортак на државната лотарија.

Во Државната лотарија не упатија за одговор на Новата државна видео лотарија, но до објавувањето на овој текст оттаму не добивме одговор дали во овој тендер гледаат конфликт на интереси.

Во Комисијата за заштита на конкуренцијата испративме прашања дали е дозволено да се спроведе ваква јавна набавка, но и од нив досега нема одговор.Новата државна видео лотарија му дала тендер од 3,7 милиони евра на сопствениот газда ХТЛ Македонија во сопственост на австриски Новоматик

Австриската компанија Новоматик, преку својата македонска фирма ХТЛ Македонија, ги поседува МА Гаминг и Мастербет, кои имаат лиценци за автомат клубови во земјата. Едната ги поседува коцкарниците Астра, а другата Адмирал.

Преку македонската фирма Макотен, австриски Новоматик ги поседува лиценците за казината во скопскиот хотел Мериот и во хотелот Фламинго во Гевгелија.

Од 1997 до 2003 година, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан беше член на извршниот одбор, а потоа и директор на Новоматик.

Срѓан Стојанчов