Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новата компресорска станица да биде готова во јануари, очекува Таравари

/

пред 773 дена

Сподели преку :

По објавата дека е избрана фирма која ќе ја прави новата компресорска станица во Клинички центар Скопје, првиот човек на македонското здравство Арбен Таравари, на новинарско прашање одговори дека очекува целиот зафат да биде готов за четири месеци.

  • Фирмата е сериозна компанија и професионална за оваа работа. Според нив за околу четири месеци, целиот зафат ќе биде завршен, рече министерот Таравари.

Околу постапката за потпишување на договорот и периодот на жалба тој посочи дека договорот е потпишан и се процесот се спроведувал по брза постапка.

  • Не знам дали би се жалел некој што не се пријавил на три повици. И ако се жалат, мислам дека тоа не е добронамерно, рече Таравари.

Околу изборот на лице-менаџер кое би раководело по спојувањето на универзитетските клиники и можноста тоа да биде Игор Николов на новинарско прашање дали е добар избор и колку советници ќе има, министерот појасни дека тој не го споменал како избор и дека било рано за назначување на директор.

  • Јас не го кажав, ме прашаа дали може да биде еден од кандидатите, но може да има и други кандидати. Ние сè уште сме во процес на реорганизација, тоа ни е поважно, отколку тоа кој ќе биде директор. Кога ќе дојде време за директор, тогаш ќе зборуваме за тоа, истакна Таравари.

По прозивките околу надлежноста за поправка на оградата и потпрониот ѕид, Таравари нагласи дека во тек процедура за утврдување на надлежноста, но искажа подготвеност да се санира и изгради нов.