Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови 5 случаи на пертусис во Скопје- Државниот санитарен и здравствен инспекторат во засилена контрола на градинките

/

пред 949 дена

Сподели преку :

Утринава регистрирани 5 нови случаи на голема кашлица во Скопје. Пациентите се претежно на училишна возраст, а еден е на 44 години.

На сила се препораките на комисијата за заразни болести да не се згрижуваат деца кои не се вакцинирани или делумно вакцинирани во установите за предшколска возраст.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува контроли врз работењето на градинките, односно проверува дали се почитува ваквата одлука која потпис доби и од министерот за здравство Демири.

Проверката на вакциналните картони покажа дека огромон број од децата во Скопје не се вакцинирани или се само делумно вакцинирани, односно велат дека стапката на вакцинација е поразителна и изнесува 50 отсто.

За споредба во внатрешноста на земјата вакцинираноста е на ниво од 90 отсто. Од вакциналните пунктови во земјава пак деновиве регистрираат драстичен пораст на лица кои се пријавиле за имунизација.

Велат дека нивниот број на дневно ниво е трикратно зголемен. Објаснуваат и дека по вакцинирањето децата повторно ќе можат да одат во градинка како и дека не е точно дврдењето дека по примена вакцина против пертусис треба да останат дома 21 ден.