Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови цени на бензините

/

пред 291 дена

Сподели преку :

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60%  во однос на одлуката од 18.12.2025 година. Новата цена ќе важи од ноќеска на полноќ.

Од 20.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 95                 71,00 (денари/литар)

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 98                 73,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            64,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)              65,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                  32,635 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.