Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови дојави за бомби во скопските гимназии

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава повторно е упатена закана за поставена бомба.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.

Екипите за антитероризам при МВР денеска повторно се на терен, откако во гимназијата „Орце Николов“ пристигнаа нови дојави за бомби.

Во моментов учениците и персоналот се евакиураат, од МВР велат дека дојавите пристигнале во 9.30 часот.

Предходно дојавите за бомби беа после 14 часот кога учениците беа втора смена, а посдниве два пати тоа се случува рано изутрина кога истите тие ученици се прва смена.

Пред една недела беше приведено 23-годишно момче чие име стоеше на мејловите за заканите за бомбите, но истото беше ослободено после една вечер помината во полициска станица од кога се провери неговиот дом и утврдија дека нема докази против него.