Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови намалени цени на горивата од полноќ

/

пред 874 дена

Сподели преку :

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, намалени цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензинот БС-95 се намалува за 1,50 денари за литар, а за еден денар за литар се намалува цената на БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.

Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 83 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 85,50 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 73 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 72,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,306 денари за килограм се намалува цената на мазутот и истиот ќе се продава за 42,629 денари.