Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови руски напади врз Одеса, во Полска уапсени двајца Руси кои делеле пропаганда за „Вагнер“

/

пред 1175 дена

Сподели преку :

Одеса ноќеска беше мета на нови руски напади. Неколку објекти се опожарени и оштетени, иако украинските власти објавија дека противвоздушната одбрана ги соборила сите 15 дронови и осум ракети од типот „Калибр“ кои биле лансирани кон пристаништниот град на југот на Украина.

Според регионалниот гувернер на Одеса, падот на остатоци од дроновите  оштетиле студентски дом, станбена зграда и супермаркет во градот. Двајца лица се хоспитализирани, додека се трага по уште повредени во нападот.

Додека Украина го расчистува теренот во Одеса, по ноќните напади, во соседна Полска се уапсени двајца руски државјани кои делеле пропагантен материјал за „Вагнер“. Според полскиот министер за внатрешни работи, двајцата Руси се обвинети за шпионажа, не наведувајќи притоа докази за материјалите за кои се уапсени во Варшава и во Краков.