Во понеделник повторно ќе биде ставен на ЕНЕР новиот Предлог-закон за високо образование, во кој се опфатени и измените кои се направени во консултација со академската фела и веднаш после тоа ќе оди во владина процедура. Земени се предвид многу забелешки кои ги сметавме за конструктивни, рече Јаневска.
„Многу забелешки прифативме. Прифативме, на пример, еден труд помалку за магистериум, еден труд помалку за докторат, Scopus за хуманистички и општествени науки, ја намаливме банкарската гаранција за приватните процентот, нови критериуми за изведување на трет циклус студии поставивме кои ќе бидат видливи во понеделник веќе на ЕНЕР“, изјави Јаневска.











