Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново обвинение за градоначалникот на Струга

/

пред 758 дена

Сподели преку :

Само еден ден по одржаното рочиште во  судскиот процес за незаконско назначување на директори во 4 струшки училишта, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска доби ново обвинение. Обвинителството и овој пат го товари за кривичното дело несовесно работење затоа што Мерко во основното училиште во село Радолиште, именувал ВД директорка  која не ги исполнувал законите услови. Именуваната  била на оваа функција една и пол година,  од јануари 2022 до јули 2023. Иако не ги исполнувала условите, неа за овој период и биле исплатени плати и придонеси како за ВД директор со што е оштетено училиштето, се наведува во обвинителниот предлог.

„Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12.01.2022 година за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа“  се наведува во соопштението на ОЈО Струга 

Против градоначалникот на Струга досега се подигнати осум обвиненија. Во две одвоени постапки против Мерко во Основниот суд во Струга се водат судски процеси за незаконско назначуваее на директори во оснвното  училишта во Велешта, во Лабуниште, во Подгворци и училиште во Струга. Одбраната на Мерко смета дека во најлош случај струшкиот градоначалник стрил само прекршок, но нема кривична одгворност за овие предмети.

Но, за Мерко во Струшкиот суд во тек е процесот против струшкиот градоначалник за незаконска набавка на службеното луксузно возило ауди А6 од 67 илјади евра во време кога Општината имала блокирана сметка, а Мерко е еден од обвинетите во случајот за бесправно градење на објект  кај хотелто Дрим.

Стејт департментот  лани го стави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко на црната листа на САД поради вмешаност во корупција и влијание во судски процеси ,а веднаш потоа Обвинителство почна со поднесување на серија обвиненија.

Емилија Мисирлиевски