Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новороденче старо осум дена донесено во прилепската болница без значи на живот

/

пред 307 дена

Сподели преку :

Новороденче без знаци на живот било донесено вчера во прилепската болница „Борка Талески“, соопшти СВР Битола.

Бебето било старо само само осум дена, а телото е предадено на обдукција.

  • „На 11.12.2025 во 08:35 часот, во СВР Битола е пријавено дека на Детското одделение при Општата болница во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе на возраст од осум дена. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција“, велат од СВР Битола.

Родителите го нашле бебето починато кога се разбудиле. Ова било трето дете на мајката, која има и 17-месечно бебе и тригодишно дете.