Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го одбил ултиматумот кој му го постави неговиот американски колега Доналд Трамп, барајќи од него да поднесе оставка, да ја напушти земјата и да замине во егзил во Турција, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори во владите на САД и на Венецуела.
Според нив, американските власти уште тогаш ја идентификувале потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез како потенцијална привремена замена за Николас Мадуро.
Изворите наведоа дека администрацијата во Вашингтон верува оти таа би можела да ги поддржи и заштити идните американски инвестиции во енергетскиот сектор на Венецуела, бидејќи, како што додаваат, оставила силен впечаток меѓу тимот на Трамп со нејзиното управување со нафтената индустрија на земјата.











