Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нуклеарната енергија е иднината, порака од Меѓународната агенција за енергија

/

пред 1438 дена

Сподели преку :

Глобалната енергетска криза предизвикана од руската инвазија на Украина предизвикува длабоки и долгорочни промени кои имаат потенцијал да ја забрзаат транзицијата кон поодржлив и побезбеден енергетски систем, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за енергија, од каде потенцираат дека врвот на глобалните емисии на стакленички гасови се очекува веќе во 2025 година.

Агенцијата ја нагласи потребата од огромни инвестиции во чиста енергија, без разлика дали е зелена или ниско-јаглеродна, како што е нуклеарната. САД неодамна усвоија закон за промовирање на нуклеарната енергија преку даночни кредити и инвестирање во нуклеарната технологија на следната генерација. Американската секретарка за енергетика Џенифер Гранхолм на почетокот на тридневната конференција ја промовираше нуклеарната енергија како безбедна и докажана технологија.

„Сакаме да ја прошириме нуклеарната енергија во Соединетите држави и сакаме да бидеме партнери со МААЕ за да ја прошириме нуклеарната енергија и во други земји, кои бараат партнери, кои се доверливи и кои можат да помогнат во технолошкиот развој, знаете, и разновидна помош, за други земји кои се заинтересирани“, вели Џенифер Гранхолм, секретар за енергетика на САД.

Првите луѓе на МААЕ сметаат дека во овој најперспективен период на нуклеарниот развој, новите генерации сакаат да знаат кои се новите опции за чиста енергија, а без транспарентност во процесот нема да се стекне довербата на јавноста.

„Постои нова генерација која нема да застане на првиот наратив дека нуклеарната енергија е лоша. Тие сакаат да знаат зошто е тоа така и зошто ние не ги користиме опциите кои обезбедуваат, знаете, чиста, чиста енергија“, рече Рафаел Гроси, генерален директор на МААЕ.

„Можам да ви кажам дека ова е несомнено највозбудливиот, најперспективниот, најенергичен период на нуклеарен развој што сум го видел во моето време. Верувам дека ќе најдете дека нуклеарниот сектор е еден од најтранспарентните, една од најотворените од сите индустрии, бидејќи тие научија дека без таков вид транспарентност, отвореност и пристапност, јавноста едноставно нема да имам доверба во нуклеарната енергија. Значи мислам, тоа ќе биде иднината“, вели Вилијам Магвуд, генерален директор, Агенција за нуклеарна енергија.

Според МААЕ, нуклеарната енергија обезбедува околу 10% од глобалното производство на електрична енергија. Светскиот капацитет за производство на нуклеарна енергија би можел повеќе од двојно да се зголеми до 2050 година. Агенцијата смета дека ублажувањето на климатските промени и обезбедувањето енергетска безбедност се важни фактори за започнување или проширување на нуклеарната енергија.

Билјана Ставрова