Нуклеарната програма, Ормускиот Теснец и „замрзнатите“ средства се трите црвените линии на Техеран во преговорите со САД, објавија иранските државни медиуми.
Иранската новинска агенција ИРНА наведе дека „инфраструктурата на иранската нуклеарна програма“ не е предмет на компромис. Земјата поседува речиси 400 килограми високо збогатен ураниум, за кој Техеран тврди дека е за мирнодопски цели.
Како втора црвена линија на Техеран се наведува „признавањето на правото на Иран на разузнавачки и оперативен надзор“ над Ормускиот Теснец. Иран подолг период заговара одреден облик на контрола над Ормускиот Теснец по постигнувањето договор за прекин на огнот,
Трета црвена линија е ослободување на иранските финансиски средства кои се под меѓународни санкции. Техеран инсистира на одмрзнување на околу 24 милијарди долари.
Иранската новинска агенција Мехр објави дека иранска делегација допатувала во Катар за да издејствува одмрзнување на 12 милијарди долари.











