Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нулите по области значат дека нема напредок во нив, не се назадување – Муртезани за извештајот на ЕК за Македонија за 2024 година

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Назадување по области е нула, извештајот не констатира назадување по области, онаму каде што има нули, тоа значи дека нема напредок, не е назадување, истакна Орхан Муртезани, министер за европски прашања, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Нема напредок се однесува на шест области, 17 се со ограничен напредок, 17 се со делумен напредок, три се со добар напредок и многу добар напредок се нула. Генерално, сликата е пресликана со претходната година, со, да речам, мали корекции во однос на земјоделските политики, рибарството. Одредени подобрувања во кластерот 1, што е логично, бидејќи во случај на отворање на преговорите, тој се отвора прв“, рече Муртезани.