Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обезглавен споменик на Тито во Велење – тешката бронзена глава пронајдена во багажник на автомобил со хрватски таблички

/

пред 313 дена

Сподели преку :

Словенечката полиција во Целје идентификувала маж кој во багажникот на автомобил со хрватски регистарски таблички сокрил бронзена глава од споменик на Јосип Броз Тито, висок повеќе од шест метри. Според полицијата, станува збор за маж од подрачјето на Велење.

Полицијата соопшти дека го привела сторителот, откако граѓанин пријавил дека видел маж кој става голем метален предмет во својот автомобил.

Градската управа на Велење порача дека во најкус можен рок ќе се пристапи кон санација на штетата и враќање на споменикот во првобитната состојба.

„Почитување на културното наследство мора да биде една од клучните вредности на заедницата во која живееме“, се наведува во соопштението на Градската управа на Велење.

Градоначалникот на Велење, Петер Дермол го нарече чинот „срамотен“.

Споменикот на Тито, претседател на поранешна СФРЈ и предводник на партизанското движење, е поставенво Велење во 1999 година на иницијатива на локалната заедница, пренесува словенечката новинска агенција СТА.