Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обид за двојно убиство на болнички трем, жртви браќа од селото Гајре, пукачите и тепачите приведени

/

пред 1011 дена

Сподели преку :

Четири лица од Тетово се лишени од слобода во врска со вооружениот инцидент во тетовската болница, а по уште едно лице се трага. Тие се сомничат дека учествувале во вчерашното пукање со огнено оружје во кое беа ранети две лица.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јануари) во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре. За уште едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање, соопштија од свр тетово.

На инцидентот му претходела физичка пресметка помеѓу еден од повредените и еден од напаѓачите, неофицијално пред тетовскиот суд околу 13 часот, по што пукањето се случило пред влезот на Ургентниот центар, околу 18 часот, каде биле двете повредени лица. Двајцата, по укажаната лекарска помош се пренесени на скопските клиники.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од тетовската полиција.

Данијела Билбилоска