Десет лица загинаа, а девет се водат како исчезнати по обилните дождови и лизгање на земјиштето што ја погодија Јужна Кореја во текот на изминатите четири дена, соопшти владата во неделата.
Според Министерството за внатрешни работи и Националната агенција за противпожарна заштита, најголем број смртни случаи е регистриран во јужната покраина Санчеонг, каде што шест лица загинаа, а седум сè уште се водат како исчезнати. Смртни случаи се потврдени во Осан, покраината Ѓеонгги и градовите Сеосан и Данѓин во покраината Јужен Чунгчеонг. Две лица се водат како исчезнати во југозападниот град Гвангжу. Пожарникарите изјавија дека потрагата во Санчеонг сè уште е во тек и дека бројот на жртви може да се зголеми. Досега се спасени вкупно 58 лица од покраината.











