Обинителството бара притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој беше приведен во акција на Финансиската полиција, поради сомнежи дека наместил тендер вреден над 300 илјади евра и дека за тоа примил награда од околу 1800 евра.
Во истрагата се опфатени уште три други лица, меѓу кои и поранешен помошник-директор во Царина.
Обвинителството соопшти – екс-директорот на царина Богоев посредувал во тендер и наводно зел профизија 1.800 евра.
Уште три лица се истражуваат, а од досегашните наоди на обвинителите со набавката се офајдила битолска фирма.
Осомничените се пред одлука дали ќе добијат или не притвор од 30 дена на барање на обвинителството.
За истрагата коментираа и од власта и опозцијата, а како се развива случајот, деталите ги има Петар Дoгов, кој линковски се вклучи во вестите на Телма во 18:30
Б.С.











