Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

/

пред 472 дена

Сподели преку :

Обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ „13-ти Ноември“ – Скопје и уште едно лице, поради сомневање за примање поткуп и награда за противзаконито влијание.

Директорот, како првообвинет, се товари дека побарал 20.000 евра од сведок за да овозможи прием на лице во тешка здравствена состојба во установата.

Иако се работело за службена обврска која морал да ја исполни согласно должноста, директорот го условил дејствието со лична финансиска корист.

Второобвинетото лице, според обвинението, ја примило сумата во негово име за да изврши влијание и да го поттикне да го прифати пациентот.

При примопредавање на дел од договорените пари, второобвинетиот бил фатен на дело од полицијата.

Обвинителството поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата, со образложение дека не постојат услови за поблага мерка.