Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинение за диво изграден ресторан за свадби во Битола

/

пред 570 дена

Сподели преку :

Угостител од Битола е обвинет дека на диво доградил угостителски објект на патот за Пелистер во кој се одржуваат свадби и други прослави. Дивоградбата ја пријавил граѓанин, а по извршените проверки на полицијата, ОЈО Битола поднесе обвинение за кривично дело „Бесправно градење“ за кое е предвидена затворска казна од три до осум години.

„Предметот е оформен на 10.05.2024 година во ОЈО Битола и во однос на делот од објектот изграден без одобрение за градење, на 06.02.2025 година веќе е поднесен обвинителен акт за чл.244-а од КЗ – Бесправно градење, соопштија од ОЈО Битола.  

ОЈО Битола постапува и за уште еден ресторан за свадби во истиот реон, по кривична пријава на битолската полиција за нелегална градба, а предметот во моментот е на градежно вештачење. 

Под лупа на битолското обвинителство се сите објекти на патот за Пелистер кои организираат свадби и други масовни свечености на кои присуствуваат по неколку стотини гости. Од Општина Битола, пак, нема одговор што правеле инспекциските служби претходно, дали вршеле контроли, каков статус имаат овие објекти и дали се безбедни за граѓаните.  

Од ОЈО Битола велат дека се прават детални проверки на објектите на овој потег дали ги исполнуваат законските прописи за заштита кои важат за угостителски објекти.

„Основното јавно обвинителство Битола оформи и посебен предмет. Веќе издаде задолженија и побара од Дирекцијата за заштита и спасување и од Градежната инспекција во Општина Битола да извршат детални проверки на предметната локација, која согласно урбанистичките планови е предвидена за стоваришни објекти, а според сознанијата функционираат и угостителски објекти. По задолженијата сè уште се постапува“, наведуваат од ОЈО Битола. 

Од Општина Битола одбија да одговорот на прашањата за да не влијаеле на постапката на обвинителството. Неколку дена по несреќата во Кочани, соопштија дека преземаат низа активности за контрола на угостителските објекти.  Сопствениците на објектите со кои разговаравме тврдат дека работат законски.

Емилија Мисирлиевски