Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинение за три лица поради диви депонии и пожарот во Вардариште

/

пред 406 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица за загрозување на животната средина и природата со отпад. Според обвинението, од 2020 година осомничените нелегално вршеле откуп на старо железо, акумулатори и други метали на импровизирани пунктови во населбата Вардариште, без регистрација и дозвола за управување со отпад.

Нивните активности довеле до создавање диви депонии на локацијата каде што на 9 јули избувнал голем пожар.

Со непрописното складирање на отпадот, според обвинителството, била загрозена животната средина и предизвикана опасност по здравјето на граѓаните. За сите тројца обвинети е предложено продолжување на мерката притвор.

Обвинителството и понатаму постапува за утврдување на други можни сторители, како и во друг предмет поврзан со незаконско складирање отпад во Шуто Оризари, каде исто така на 9 јули избувнал пожар. За пожарот на депонијата Дрисла, досега не е поднесена пријава, но обвинителството ја следи состојбата.