Даниел Станчев кој е сопственик на фирмата „Инвока груп“ која го добила спорниот тендер и Ивица Димитровски кој е професор на ФИНКИ и поранешен хонорарец во Влада коментираат и дека било интересно да се води аукција.
„Ова интересно било, аукции и чуда“, се вели во пораката, а се одговара: „Да, уште да има некој да збори кога се наддава, како во филмовите во живо, поинтересно ќе биде“, па следува порака: „Да“.
Сега обвинетите, а во 2020 понудувачи на софтверот, добиваат радосна вест на 08.01.
„Официјално сме избрани“, „Супер, помина рокот за жалби значи “, „Да“. Обвинителката Ивана Трајчева на рочиштето за предметот „Софтвери“ каде првообвинет е Драги Рашковски.
Во комуникацијата која е изведена како доказ, преку која обвинителката Трајчева докажува дека Рашковски ја злоупотребил положбата и овластувањето со набавката на спорниот софтвер.
„Здраво Даниел како си со време денеска. Јас после 16 сум слободен“ стои во првата презентирана порака за денеска, на што има одговор: „Здраво Ивица. Во ред е по 16“. Следува: „Ние ќе бидеме во ГТЦ“, а се враќа одговор: „Супер ќе те побарам тогаш и ќе дојдам таму“.
Тие на државата, преку Рашковски, и продадоа софтвер за сообраќајни прекршоци кој МВР не го користи. Обвинети се за злоупотреби и за оштета на буџетот од близу 300.000 евра. Следните пораки кои се читаа во судницата се од една година подоцна, односно од 2021 година кога и јавно изби аферата за набавка на софтверите. Редакцијата на „360 степени“ барале одговори на прашања од „ИНВОКА груп“, за кои обвинетите се консултураат и ги испраќаат.
„Го објавија ова“, констатира обвинетиот па споделува линкови. „Се надевам дека нема да копаат“, возвраќа другиот обвинет, па следува коментар: „Ќе видиме“.
„Нема од што да се плашиме, се е легално“, се вели во порака која ја размениле Станчев и Димитриовски. „Да, да. Си имаше наддвање се тоа“, се враќа на пораката.
„Ова Драги повеќе ќе го притискаат“, се посочува во следната порака. „Демек зошто не е МВР и сл. Зошто преку Генерален секретаријат. Деканот да се спреми за во Антикорупциска. Ти си спремен“, стои во пораката, па следува прашање: „Мислиш ќе нè викаат?“, и одговор: „Обавезно“, па коментар: „Ајде ќе видиме“.
Повторно во комуникацијата се споделува линк од вест и се вели:
„Хаос. Почнаа да копаат“. Другиот обвинет додава: „Не е хаос, новинарска статија“. Па следува порака: „Не тоа секако си е на место, зборам за оправданоста и сл.“. На ова се вели: „Валјда има документи и координација. Сигурно имаат план каде и како ќе се користи“, па пораката која следува е: „И мн лоша координација со МВР“
Обвинителката Ивана Трајчева кажа дека можеби првиот дел од комуникацијата му е позната на судот, бидејќи веќе дел од неа е читана, односно изведена со имиња и презимиња, датуми.
Павле Беловски











