Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинетиот Менсур Пајазити, кој ја прегази Теодора Ристовска, призна вина

/

пред 562 дена

Сподели преку :

Во тетовскиот суд ново рочиште за случајот со Теодора Ристовска од Тетово, која во септември 2022 беше прегазена од Менсур Пајазити.

Обвинетиот дојде во судот и му беше прочитано обвинението, по што тој призна вина. Семејството на Теодора Ристовска се приклучи кон кривичниот прогон и членовите предјавуваат имотно правно побарување.

Претходното рочиште кое требаше да се одржи пред околу две недели беше одложено откако судијата информираше дека обвинетиот е на лекување и не може да присуствува.

Семејството тогаш порача дека нема да се откаже и битката и ќе ја тера до крај, а нивната адвокатка ќе провери дали тој навистина е во болница.

Одложено судењето за сообраќајната несреќа во која загина 22-годишната Теодора Ристовска

Во септември 2022, 22-годишната Теодора беше прегазена во Тетово од БМВ кое го управувал двојно постариот Менсур Пајазити.

Тетовскиот суд во ноември 2023-та година пресудува три ипол години затвор за возачот. Тој се пожали на висината на казната.

Вишото јавно обвинителство во Гостивар се согласува со неговата жалба, а Апелациониот суд во Гостивар му ја намалува казната на Пајазити, на две години затвор.

Но тој не оди во затвор, туку Врховниот суд го уважува неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата и ги укинува двете пресуди на пониските судови и го врака предметот на повторно судење во основниот суд.

Пајазити е обвинет за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од ставот 4 за кој е предвидена  затвор од една до пет години.