Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството ги одзеде документите на МВР за станицата за технички преглед која му даде зелено светло на автобусот на „Беса Транс“

/

пред 1613 дена

Сподели преку :

Кривична пријава од група граѓани доставена до Обвинитеството е причината поради која е отворена предистрага во која треба да се утврди како и зошто станицата за технички преглед „Виа Комерц“, каде што поминал на контрола автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре во Бугарија, не била затворена навремено иако пропусти во работењето биле утврдени и нотирани во записник неколку месеци претходно.

Предистрагата е отворена вчера и одземена е документација од неколку сектори во МВР кои го изврпшиле надзорот во станиуцата за технички преглед и го изготвиле решението за забрана.

Денеска тимови од обвинителството влегле и во пререгистрираната станица за технички преглед и од таму исто така се одзема целокупната документација поврзана со работењето и извршените контроли.

Она што е познато е дека на 12 август тимовите на МВР утврдиле дека во „Виа Комерц“ контролите ги вршат нестручни лица и не се водат неопходните регистри. На 5 октомври во оваа станицата поминува технички преглед и автобусот на „Беса транс“ кој изгоре во Бугарија на 23 ноември 2021 а министерот Спасовски три дена подоцна на 26 ноември го потпишува решението за забрана за работа со рок од 30 дена за отстранување на пропустите.  Сопствениците на станицата ги острануваат пропустите со тоа што ја прегреистрираат станиуцата на друго име.

Зошто министерот Спасовски чекал повеќе од три месеци нема одговор, а денеска тој иако се појави на регионална конференција за безбедност немаше можност за новинарски прашања.

Огнен Чанчаревиќ