Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството на БиХ издаде налог за приведување на Милорад Додик

/

пред 586 дена

Сподели преку :

Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба за приведување на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, јави РТРС, повикувајќи се извори во Кабинетот на премиерот на Република Српска.

Наредбата ја издал обвинителот Ќазим Хасанспахиќ, а Обвинителството на БиХ ги товари за сторено кривично дело „напад врз уставниот поредок“.

Обвинителството на БиХ издало наредба за апсење до судската полиција и побарало помош од Министерството за внатрешни работи на Република Српска, како и од СИПА (Државна агенција за истраги и заштита), јави РТРС.

Директорот на судската полиција на РС, Жељко Драгојевиќ за РТРС изјави дека тие не добиле наредба. Според него, тоа е во надлежност на СИПА и Судската полиција на Судот на БиХ.

Обвинителството на БиХ може двапати да испрати покана за распит и доколку не одговорат, тогаш постои можност да побараат приведување. Доколку Додик, Стевандиќ и Вишковиќ одбијат да бидат приведени, тогаш може да се распише потерница, а доколку не бидат уапсени според домашното законодавство, тогаш следува потерница од Интерпол.