Станува збор за двајцата возачи, 19-годишник од Врапчиште управувал со автомобил Мерцедес со брзина поголема од дозволената, а вториот 47-годишник од Охрид со автомобил Хјундаи ja променил коловозната лента без претходно да се увери дека може да го стори тоа.
Во сообраќајната несреќа меѓу двата автомобили кои се движеле еден по друг во правец кон Гостивар, животот го загуби сопатничка во автомобилот Хјундаи, а останатите четири лица-учесници се здобиле со повреди.
Едно лице загина, две се тешко повредени – тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Гостивар











