Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството прифаќа средба со родителите на загинатите во „Пулс“

/

пред 484 дена

Сподели преку :

Јавното обвинителство соопшти дека е подготвено да организира директна средба со семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Целта на средбата е да им се објаснат сите аспекти од поднесеното обвинение, без да се наруши натамошната судска постапка.

Од институцијата додаваат дека на блиските кои веќе биле на претходна средба им бил даден директен контакт со обвинителите и дека секое семејство може во секој момент да се информира за текот на постапката во обвинителството во Кочани.

Оваа одлука следи по јавниот апел на родителите на 62-те жртви, кои побараа Обвинителството да им објасни кои лица се обвинети и против кои е запрена постапката.

Тие изразија загриженост дека правната терминологија во официјалните соопштенија не им е јасна и дека ништо не може да ја замени личната комуникација.