Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје домаќин на еден од најреномираните музички настани во регионот – Скопскиот џез фестивал од 16 до 19 октомври

/

пред 361 дена

Сподели преку :

Во рамки на 44-то издание на фестивалот ќе настапат легендарниот гитарист Марк Рибо и Кахил Ел Забар. На финалната вечер Вадада Лио Смит, денес најголемиот жив американски џез музичар и Џејмс Брендон Луис, неодамна прогласен за музичар и тенор саксофонист на годината. Фестивалот ќе биде отворен со настапот на Анджеј Јагоѓински трио, еден од најдобрите полски пијанисти, композитор и аранжер и концертот на нашиот Национален џез оркестар под водство на австрискиот диригент Зиги Фајгл, а како гостин солист ќе биде Луис Бониља.

Покрај концертите, Скопскиот џез фестивал и оваа година нуди и филмска програма, документарни филмови кои ги истражуваат духовните и културните корени на џезот и неговата трансформација низ децениите.

Главна цел во конципирањето на програмата беше да се задржи култниот статус кој го има фестивалот во Европа и во светот, рече Белопета.

„Се работи за продолжување на концептот кој е генерално програмски концепт свртен кон современиот. Тоа е едно. Под број два актуелноста, а тоа значи дека практично сите кои доаѓаат имаат оваа година или лани некои нови остварувања кои оставиле силен белег на сцената. Значи изборот не е случаен. Се разбира во концептот спаѓа и ексклузивноста, затоа што ако прочитате има многу ексклузивни настани на фестивалот“, рече Оливер Белопета, директор на „Скопски џез фестивал“. 

Б.С.