Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Третина од населението во Македонија страда од прекумерна тежина, болест која е поврзана со 200 коморбидитети

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас, кој посебно ги засега децата и адолесцентите. Статистичките податоци покажуваат дека во нашата држава преваленцата на обезноста изнесува 30–35 проценти, предупреди министерот за здравство Азир Алиу во обраќањето на стручниот симпозиум во организација на научното здружение за обезност ОБЕМ.

„Во таа насока, е посебно значајно функционирањето на центрите за третман на дебелина на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“. Неделава во охридската болница е отворен првиот центар за менаџирање на дебелина во југозападниот регион. Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е посебно значаен мултисекторскиот одговор и подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик, додаде Алиу.

На симпозиумот беше потенцирана потребата од подигнување на јавната свест и превентивно делување, како и за значењето на мултисекторската соработка меѓу институциите и невладиниот сектор.

Министерството информира дека продолжува со мерки за поддршка, вклучително преку активностите од Програмата за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер, со посебен фокус на едукацијата за третман и контрола на дијабетесот, имајќи предвид дека обезноста е тесно поврзана со дијабетес тип 2.