Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од балкон му фрлила 16.000 евра и 10.700 франци – тетовка измамена со лажна сообраќајка, ѝ се претставил како лекар и рекол дека ќерка ѝ е тешко повредена и мора на операција

/

пред 422 дена

Сподели преку :

Седумдесет и деветгодишна тетовка пријавила во СВР Тетово дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.

Како што информираат од МВР, според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција.

Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.