Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од денеска нема кој да потпишува за плати кај народниот правобранител

/

пред 285 дена

Сподели преку :

Од денеска во институцијата Народен правобранител нема кој да потпишува за плати на вработените. Иако се најавуваше дека точката за избор на Омбудсман ќе се стави на дневен ред на 12 јануари, тоа не се случи, што ја прави ситуацијата алармантна. Оваа институција е без прв човек на чело од јули минатата година, кога заврши мандатот на Насер Зибери.

ДУИ не го прифаќа предлогот на собраниската Комисија за прашања на избори и именувањата, местото на Зибери да го заземе Фатон Сељами  од Министерството за правда кој има завршено Правен факултет во Универзитетот во Тетово и постдипломски студии во Универзитетот на Југоисточна Европа.

Како можна разрешница се спомнуваше и директна средба на премиерот со Али Ахмети, но Мицкоски најави дека за проблемот ќе разговара со сите пратенички групи.

Од овие средби ќе зависи и завршувањето на реформската агенда, што Мицкоски очекува да се случи  најдоцна до април. Потоа, вели, сè ќе зависи од ЕУ.

Веќе викендов или најдоцна следната недела повторно ќе има и  тематска средба со ресорите за напредокот во реформите.

Далиборка Демјанска

Б.С.