Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од денеска почнува грејната сезона

/

пред 733 дена

Сподели преку :

Од денеска и официјално почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје, со кој управува ЕСМ.

Исклучок ќе биде општина Карпош, каде во училиштата грејната сезона ќе почне на први ноември.. Од ЕСМ велат дека општината побарала одложување на греењето.

Но, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски ја повика владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта, затоа што локалната самоуправа не е должна да го прави тоа.

Јакимовски вели дека лани, за децата да не останат без греење, општината плати за оваа намена затоа што исто така владата не сакаше да ги плати сметките.

Сите обврски кон училиштата ги покрива Владата, односно Министерството за образование преку т.н. блок дотации, кои што стигаат до општината, а потоа се пренесуваат до училиштата, вели Јакимовски.

Тврди дека средствата што ги исплаќаат од Министерството за образование до училиштата, не стигаат за основните потреби на училиштата.

Според информациите, осум училишта на територија на Карпош денеска ќе останат со ладни радијатори.