Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од наредниот месец онколошките пациенти ќе можат одредена таблетарна терапија да ja подигнуваат од аптеките

/

пред 449 дена

Сподели преку :

„Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија (анастрозол и летрозол) во аптеките, изјавија за МИА директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов.

„Денеска ќе биде објавен шифрарникот со важност од 4 август, од кога ќе можат пациентите на рецепт да подигнат терапијата од аптека. Значи пациентите треба да земат извештај од онколог, потоа на матичен лекар да земат рецепт, а од таму во аптека да ги подигнат лековите. Партиципацијата ќе биде околу 50 денари“ истакнаа директорите на ФЗО.

Во врска со хормонската инјекција ресилиго, која ја примаат онколошките пациенти, директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски за МИА изјави дека тие пациенти во текот на идната недела ќе бидат известени кога и каде ќе можат да ја примат терапијата“ пишува МИА.