Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од оваа недела лични документи ќе се вадат во законскиот рок од 15 дена

/

пред 788 дена

Сподели преку :

Проблемот со издавањето лични документи, кој што се појави минатата и се прелеа и во оваа година, сѐ уште постои. Граѓаните и понатаму чекаат со месеци за да ги добијат документите со новото уставно име на државата – Република Северна Македонија.

А, откако ќе добијат порака за да одат и да си ги подигнат, постапката оди бргу, па нема турканици на пунктовите.

Кризата со издавање лични документи е надмината, кажа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски , при посетата на пунктот во „Пролет“.

Од оваа недела па натаму, секој еден македонски граѓанин кој што ќе поднесе барање, за да се стекне со нова патна исправа, возачка дозвола, лична карта… Секој еден од тие лични документи ќе може да ги оствари во рамки на она законско право кое што е утврдено, а тоа е во рок од 15 дена. Она што го ветивме, го сторивме, рече тошковски.

Пунктот за издавање лични документи во населбата Пролет ќе работи се додека не заврши реновирањето на тој сместен во МРТВ, каде обновата ќе почне за месец и половина, најдоцна.

До сега се издадени околу 1.740.000 пасоши, околу 1.400.000 лични карти и околу 750.000 нови возачки дозволи, кажа вчера премиерот Мицкоски. А, министерот за внатрешни работи денеска рече дека е потребно да се реиздадат уште возачки дозволи за бројката да стигне до 1 милион.

Затоа апелираше до возачите да ги сменат дозволите со старото уставно име на државата, во месеците што доаѓаат, зашто согласно законските измени , нивното важење истекува на крајот на годината.

Сотир Трајков