Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од прилепското обвинителство, преку вишото во Битола до директор – Ирина Трајкоска Стрезоски застанува на чело на АСЈО

/

пред 745 дена

Сподели преку :

Обвинителката од битолското вишо обвинителство Ирина Трајкоска Стрезоски е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Управниот одбор ја избра со шест гласа.

За обвинителка е избрана во 2009-тата во прилепското основно обвинителство, а четири години подоцна била унапредена во Вишото. Во нејзината биографија стои и дека е потпретседателка на здружението на јавни обвинители и член на советот за информатичко-комуникациска технологија.

Само еден глас помалку имаше судијата од Кривичниот Суд, Ненад Савески. Заменик директорот на Академијата, Илир Исени доби три, судијката од Управен суд, Едита Насковска – два, обвинителката Спасенка Андонова од ОЈО Скопје – еден 1 глас, а судиите од Кривичен и од Граѓански, Оља Ристова и Андреј Димовски не добија ниту еден.

На почетокот на седницата дел од членовите рекоа дека сите кандидати се одлични и професионални, но дека ќе одлучуваат нијанси. Потоа следуваше пауза најавена како 15-минутна за да можат членовите на УО да се договорат за начинот и процедурата на избор, со образложение  дека има седум кандидати. Медиумите повторно беа повикани назад во салата по дури еден час.

На предлог на Мехмеди, Управниот одбор едногласно прифати да има список од кандидатите според тоа како пристигнувале нивните пријави на огласот. По тој редослед, нивните имиња се најдоа на деветте избирачки ливчиња, колку што има и членови Управниот одбор. Секое ливче добиваше печат

Секој член можеше да заокружи повеќе од еден кандидат. Сумирањето на гласовите беше јавно, но не кој за кого и зошто гласал.

Директорското место е празно од јули кога Наташа Габер Дамјановска си поднесе оставка.

Елена Ивановска Мукоска