Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од први јануари задолжително регистарски таблички со ознака НМК

/

пред 672 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024.

„Tоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат националната ознака НМК или на истите да се стави налепница со национална ознака НМК до 31.12.2024 год“, соопштија денска од МВР.

Налепници НМК граѓаните може да обезбедат во сите станици за технички преглед.