Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Од Стејт департмент со порака Белград и Приштина да се воздржат од кревање тензии

/

пред 1104 дена

Сподели преку :

Терористички акт на Србија или одговор на теророт врз Србите на Косово, се уште не е јасно што се случи во инцидентот кај Бањска во кој загинаа тројца Срби и еден припадник на косовската полиција. ЕУ молчи, Кремљ ја оцени ситуацијата како опасна.

Русија не ја признава независност на Косово и го поддржува територијалниот интегритет на Србија па аналитичарите причините за судирот ги гледаат токму во руско-српската хибридна војна на Балканот.

Борел во обид за постигнување дипломатско решение ќе ги повика Курти и Вучиќ на итна средба во Брисел. Во меѓувреме, ЕУ е воздржана и во исчекување на резултатите од истрагата. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека е потребно најпрво да се идентификуваат јасно фактите и виновниците.

Од Стејт департмент со порака Белград и Приштина да се воздржат од кревање тензии.