Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбраната бара ревизија на обвинението за пожарот во „Пулс“ и повлекување за дел од полицајците

/

пред 225 дена

Сподели преку :

Јавното обвинителство да го ревидира обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ и да ја запре постапката за дел од обвинетите, бара одбраната по раздвојувањето на постапката за полициските службеници.

Адвокатите Владимир Туфегџиќ и Еленко Миланов потврдија за Телма дека поднеле барање да се повлече обвинението против оние кои немале директни дејствија или овластување во време на настанатиот пожар, а се гонат за тешко дела против општата сигурност за кои се бара директна причинско-последична врска помеѓу непостапувањето по прописите и настанатата последица, смрт на едно или повеќе лица.

Одбраната смета дема Јавното обвинителство доколку сака ефикасна судска постапка треба веднаш да го преиспита обвинението и да ги отклони сите недостатоци и недоречености а јавниот обвинител има законска обврска тоа да го направи.