Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбраната побара спојување на постапката за пожарот во „Пулс“ со новиот обвинителен акт против 13 полицајци

/

пред 216 дена

Сподели преку :

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката Пулс. Одбраната на денешното рочиште побара спојување на постапката со предметот против 13 полицајци обвинети за истиот настан во Кочани.

Според адвокатите, водењето две одделни постапки може да доведе до различни пресуди за ист кривичен настан.

Судечкиот совет се повлече за да донесе одлука по барањето. На денешното рочиште Деко Јовановски, сопственикот на Пулс се пожали на нечовечко однесување и побара преместување во затворот во Шутка од казнено поправната институција во Куманово.

На денешното рочиште, Судот информираше и за писмениот одговор добиен од затворот во Куманово.

– Во врска со добиените сознанија од медиумите дека притвореното лице се жали на нечовечко однесување од службени лица во затворот во Куманово. На 26.02.2026 година од страна на раководниот тим е извршен разговор со истиот, каде што обвинетиот посочи дека нема никаков проблем со било кој вработен во затворот. Имаше забелешки за душекот во којшто спие, како и за чести претреси. Ако притвореното лице има потреба од специјален душек треба истото да биде поткрепено со соодветна медицинска документација – било наведено во дописот на затворот.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна ноќта на 16 март минатата година, за време на настап на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.