Кина соопшти дека „ќе се бори до крај“ и ќе преземе контрамерки против Соединетите Американски Држави за да ги заштити своите интереси, откако Трамп се закани со дополнителни царини од 50 отсто на кинескиот увоз.
Од Министерството за трговија на Кина велат дека наметнувањето на САД на т.н. „реципрочни тарифи“ за Кина е „целосно неосновано и претставува типична еднострана практика на малтретирање“.
Кина презеде одмазднички тарифи и министерството во својата најнова изјава навести дека можеби ќе следуваат повеќе контрамерки. Според кинеските власти тие ќе бидат насочени кон заштита на суверенитетот, безбедноста и развојните интереси и одржување на нормалниот меѓународен трговски поредок.
Последната закана на Трамп за воведување на дополнителни царини за Кина предизвика нова загриженост дека неговата желба за ребаланс на глобалната економија може да ја интензивира финансиски деструктивната трговска војна.











