Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложени мировните разговори меѓу Украина и Русија

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека трилатералните мировни разговори меѓу Украина и Русија, со посредство на Соединетите Американски Држави, се одложени поради актуелната безбедносна ситуација на Блискиот Исток.

Во своето редовно обраќање Зеленски изјави дека во моментов нема услови за одржување на трилатерална средба.

Украинскиот претседател воедно ги пофали националните разузнавачки служби за преземените чекори со цел да се овозможат идни размени на воени заробеници со Русија. Тој нагласи дека Киев продолжува да работи на враќање на сите украински граѓани кои се наоѓаат во руско заробеништво.