Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложено судењето за кучето Феликс, дел од обвинетите не го добиле обвинителниот предлог

/

пред 603 дена

Сподели преку :

Судењето за обвинетите во случајот со малтретирањето и убиството на бездомното куче Феликс се одложи бидејќи еден од обвинетите и неговата одбрана до сега не го добиле обвинителниот предлог.

Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Зоран Здравев.

Судењето е одложено за 13 март.

Пред почетокот на судскиот процес група активисти за правата на животните одржаа мирен протест. Од судот побараа затворска казна и поголема системска казнивост за малтретирање на животни.

Од здржението Анима Мунди најавија дека ќе поднесат иницијатива до министерството за правда за воведување на кривични дела кои ќе опфаќаат малтретирање на животни како борба со кучиња и напуштање на миленици.

Ова е прво судење за кое јавноста пројави интерес, а по објавените снимки на кое се гледа како обвинетиот со стап го тепа едногодишното бездомно куче, на плац во Момин Поток.

Казната која е предвидена за малтретирање на животно е, од парична, до затвор од една година.