Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложено судењето за неисплатени плати во Печатница Напредок

/

пред 403 дена

Сподели преку :

Продолжува голготата на вработените во поранешната Печатница Напредок Тетово во обидот да ги добијати неисплатените десетина плати. Во тетовскиот суд повторно се одложи судењето кое треба да почне по нивната поднесена кривична пријава со цел да добијат исплата на нивниот труд во оваа печатница, за која се води и стечајна постапка.

„Ова е веќе втора година како чекаме рочиште да се одржи и со надеж дека еден ден ќе биде. За жал, еве дојдовме, пред три месеци ни рекоа, денеска да дојдеме дека сигурно ќе биде рочиштето одржано. И денеска се одложи заради тоа што немало записничар. А ние, еве се понудивме ако треба ние ќе бидеме, бидејќи сме без работа, записничари, само за да еднаш за да се стави крај на ова. Нашите плати да ни ги дадат, ние не бараме ништо друго“, изјави Живка Димовска.

Александар Самарџев