Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложено судењето за српските студенти кои се сомничат дека подготвувале дела против уставниот поредок

/

пред 300 дена

Сподели преку :

Судењето на група студенти уапсени по протестот на Видовден и обвинети за подготовка на дело против уставниот поредок беше одложено денес за 2-ри март 2026 година.

Двајца од деветмината не се појавија на рочиштето поради здравствени причини. На повик на студентите, неколку стотици колеги и граѓани се собраа пред Палатата на правдата за да ја дадат  својата поддршка.

Студентите се обвинети за дело против уставниот поредок, а доказите на обвинителството се две снимки од два пленума на Филолошкиот и Градежниот факултет во пресрет на големиот протест на Видовден. Студетентите кои се сомничат биле уапсени по завршувањето на протестот.

Доказните снимки беа емитувани во специјална емисија што се емитуваше истовремено на пет  телевизиски станици за кои се смета дека се „прорежимски“.

Адвокатите на обвинетите во својата воведна одбрана нагласуваат дека некои од осомничените студенти дури и не биле присутни на пленумите што биле снимени и дека се доведува во прашање легалноста на тие снимки.

Т.Д.