Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одобрен буџет за набавка на „Трикафта“, ќе има терапии и за нови пациенти

/

пред 1062 дена

Сподели преку :

Над 1,5 милиони евра одобрени за набавка на лекот „Трикафта“ . Средствата се предвидени за терапии за уште два месеци на 12 пациенти кои и до сега го примаа лекот но ќе останат и за нови пациенти кои ги исполнуваат условите.

Универзитетската клиника за детски болести доби согласност од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Бирото за јавни набавки да спроведе итна постапка со директни преговори со овластениот дистрибутер.

Од детската клиника којашто треба да го набави лекот потенцираат дека на 21 ноември е потпишан договорот, а целата количина на лекот се очекува да биде испорачана во првата половина на декември оваа година.

Од асоцијацијата за Цистична фиброза велат не знаат за што точно ќе се употребат одвоените средства но се надеваат дека доколку се искористат би се обезбедиле терапии за околу 30-тина пациенти.