Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

/

пред 333 дена

Сподели преку :

Појава на одрони предизвикаа интензивните врнежи од дожд кои паѓаат од синоќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.

Според информации од возачи, поголеми одрони се забележани по селото Очипала, во близина на месноста Баткова Чешма, каде на патот има поголемо количество земја и камења.

Поситни одрони има на повеќе делници долж овој патен правец, поради што сообраќајот се одвива отежнато и со зголемено внимание. Колската површина е влажна, а видливоста намалена, што дополнително го отежнува возењето.

Надлежните служби апелираат до учесниците во сообраќајот да возат внимателно и со прилагодена брзина, посочувајќи дека екипи се на терен и работат на расчистување на патот.