Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одржана хуманитарна изложба со миленичиња, собраните средства наменети за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

/

пред 508 дена

Сподели преку :

Во организација на студентите од Факултетот за ветеринарна медицина, на плоштадот во Автокоманда се одржа хуманитарна изложба со миленици, а собраните средства преку „Support Kocani“ ќе одат за семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „ Пулс“.

Организаторите велат дека преку врската на милениците со нивните сопственици сакале да покажат дека човекот треба да се стреми кон поубави нешта и да биде солидарен.

А, граѓаните кои дојдоа и донираа средства велат дека никогаш нема да биде доволна помошта за семејствата на настраданите и затоа тие преку нивните хумани гестови сакале да покажат дека тие луѓе не се сами.