Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Огнот под контрола – над 60 пожари изгаснати

/

пред 466 дена

Сподели преку :

Пламените јазици што вчера ја зафатија државата полека стивнуваат. Најкритичните точки се ставени под контрола, а пожарникарите, припадниците на ДЗС, ЦУК, армијата и полицијата се уште се на терен – подготвени да интервенираат ако ситуацијата се влоши. Засилените контроли на МВР и можноста за остри казни веќе даваат резултати, откако се појавија сомнежи дека дел од пожарите биле подметнати.

  • „Синоќа кај пожарот што изби спроти Смилковско Езеро беше пронајдена гума, а на друго место и неколку шишиња со бензин. За овој случај ќе биде поднесена пријава, но исто така вчера МВР поднесе кривична пријава против лице за кое има основано сомнение дека предизвикувало палежи. Вчера беа фатени две лица кои со шишиња со бензин се обиделе да предизвикаат пожар“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.

Во текот на вчерашниот ден имало активни 63 пожари, од кои посериозни биле оние во Визбегово, Дојран, Крива Паланка и Чучер Сандево. Директорот Ангелов смета дека тие храбро се бореле со пожарите и спремни се да одговорат на таков предизвик.

  • „Во овој момент слободно можам да кажам дека вчера изгасивме повеќе од 60 пожари. Само дел од нив се уште активни. Тоа воопшто не е за потценување. За почеток ги молам граѓаните да си ги исчистат сопствените дворови и метро две надвор од нив“, додаде Ангелов.

Поради зголемениот број пожари завчера Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава. Тоа значи дека ќе може да дејствуваат сите пожарникари, армијата, полицијата, ЦУК И ДЗС.

Тамара Марковска се јави за Вестите на Телма во 15.30